Орбан најави воведување полициски час во Унгарија
Премиерот на Унгарија, Виктор Орбан најави дека од денеска во земјата ќе биде воведен полициски час, а граѓаните ќе можат да ги напуштаат домовите само поради одење на работа и подмирување на основните потреби.
Тој во интервју за Радио Кошут изјави дека продавниците и аптеките ќе бидат отворени секој ден од девет до 12 часот само за лицата над 65 години, а за другите граѓани нема да биде дозволено купување во тој период.
Орбан наведе и дека од понеделник со сите унгарски болници ќе управуваат така наречени команданти, кои ќе ги именува Владата.
Лекарите и понатаму ќе одлучуваат за медицинските прашања, но командантите ќе бидат задолжени да надгледуваат дали се придржуваат до владиние епидемиолошки мерки, посочи Орбан.
Тој додаде дека униформираните команданти ќе бидат задолжени за резервите и за управување со персоналот.
Ново на Сител
-
Советниците на средба со превозниците во Град Скопје
-
Тема на денот со Ненад Марковиќ
-
Советниците на средба со превозниците во Град Скопје
-
Уставни измени
-
Преглед на вестите од светот
-
Редовна седница за пратенички прашања
-
Шилегов со ,,Во бестрага'', ВМРО-ДПМНЕ со критики: СДСМ доби ново раководство
-
Сиљановска во официјална посета на Црна Гора