Фудбал
18. July 2020 - 9:37

Опстанок за Вест Хем

Дербито на дното, последниот натпревар од 36 коло во Премиерлигата му припадна на тимот на Вест Хем.
 
„Чеканите“ на домашен терен го совладаа директниот конкурент за опстанок во најквалитетното друштво, Вотфорд со 3-1.
 
Вест Хем дилемите околу победникот ги реши уште во првите 45 минути, затоа што на полувреме се отиде со резултат 3-0.
 
Во 6 минута Антонио погоди за 1-0.
 
На 2-0 зголеми Сучек во 10 минута.
 
Веќе во 38 минута Рајс погоди за убедливи 3-0.
 
Во второто полувреме Вотфорд преку Дејни во 49 минута го намали резултатот на 3-1, но тоа беше се што гостите успеаја да направат на овој меч.
 
Вест Хем речиси ги реши проблемите со опстанок, има 47 бодови, +6 од Борнмут кој е меѓу трите тима кои се на пат за Чемпионшип.
 
За разлика од нив, Вотфорд се чини до последното коло ќе биде под стрес дали и наредната сезона ќе биде дел од најквалитетното друштво. Тие имаат +3 за разлика од зоната за испаѓање.