Бизнис
10. September 2020 - 16:58

Општините со испразнет буџет

Жешка есен ги чека општините. Училиштата се отвораат, а пари нема. Приходите на локалните самоуправи се стопија заради корана кризата. Од ЗЕЛС велат дека неизвесно е како општините ќе го истуркаат следниот период.

Дали состојбата може да се поправи со намалување на бројот на вработени: Анализите покажуваат дека македонските локални самоуправи главно се соочуваат со превработеност, во повеќето бројот на административци е несразмерен со бројот на жители во единицте. Сепак, од ЗЕЛС велат бројот на вработени во нив е работа на градоначалниците и одлуки треба тие да носат.

Беспарицата е потешка во помалите. Рурални оптшини кои и без кризата потешко доаѓаат до средства за финансирање.

Во вакви услови, некои од општините сепак успеваат да ги слушаат потребите на граѓаните и да ги вметнат во буџетите. Реализирани биле и до 21% од барањата што граѓаните ги доставиле до нив, а најголем дел од нив се однесуваат на капитални проекти.