Општините немаат доволен број комунални инспектори, а слаба е и казнената политика
Недоволен број на комунални инспектори во општините, најмногу во руралните, каде што и нема вработени лица за вршење на оваа дејност, мали надлежности и слаба казнена политика, се дел од проблемите со кои се среќаваат во текот на нивното работење на терен. Kомунални инспектори од 40 општини се состанаа во Штип за да разговараат за прекршочните одредби од Законот за јавна чистота. Везенков кој е комунален инспектор во Општина Штип, вели дека, во текот на годината имаат веќе 30 постапки за физички и шест за правни лица.
-Најчесто казните се за одлагање на земја, градежен отпад на јавни површини, потоа од областа на Законот за јавна чистота, како што е чување на живина и стока во градска средина, изјави Борче Везенков, комунален инспектор – ЛС-Штип
Во моментот се работи на зголемување на бројот на комунални инспектори, а конкретно во Штип имаат еден кандидат, кој треба да ги помине обуките.
-Во поголемите градови има минимум еден инспектор, некои одат во пензија, доаѓаат нови. Во помалите општини еден инпектор покрива повеќе области, додаде Везенков.
Комуналните инспектори постапуваат по сите претставки кои ги добиваат од страна на граѓаните. За 11 месеци имаат преку 1.000 предмети, а голем дел од нив се веќе и решени.
-Во Битола сме четворица комунални инспектори, двајца сме регуларно, а двајца има нови, којшто го обавуваат процесот на обука, а која трае една година за да ја земат соодветната лиценца, а имаме само еден инспектор за животна средина, вели Сашо Илојовски, комунален инспектор- ЛС-Битола
Казните за граѓаните и фирмите се ниски, па доколку некој е фатен како на јавна површина фрла градежен шут, а не на локацијата која е одредена од општината, треба да плати казна од само 50 евра.
-
Трајан Ристовски
Сите содржини од овој новинар