Бизнис
24. October 2019 - 16:38

Општините бараат помош од државата, а редовно спроведуваат нови вработувања

Немаат капацитет да ги соберат планираните приходи, а ги зголемуваат  средствата за  плати. Според експертите  од вкупно 81 општина во земјава една третина кубурат со даночни инспектори  кои ќе ја форсираат  наплатата на давачките. Од друга страна пак во нивните служби расте бројот на вработени и платите, но подобрување на услугите нема.

Тонско- дел до нив немаат даночни инспектори. Наплатата на днаоците на имот на услуги кои се најголем дел од приходите на општините не успеваат да иг наплатата. Некои успеваат да наплатата смао 3 проценти од планираните приходи , некој пак и 116 проценти. Додека во последните  шест години најголем дел од парите на општините или 55 отсто се за плати или во споредба со 2013 и 2014 има зголемување  од 10 проценти, вели универзитетскиот професор Борче Треневски.

Министертвото за локална самоуправа велат дека согласно  законот за даноци  на имот, се предидува овластен  инспектор во општините кој ќе работата на утврдување и наплата на даноците.

Генерално, со проблемот на екипираност на општинската администрација и на општинските инспекциски служби се соочуваат помалите општини кои што имаат ограничени човечки и финансиски ресурси.

Како начин за надминување на оваа состојба може да послужи законскиот механизам за формирање на заеднички административни или инспекциски служби за повеќе општини преку меѓуопштинска соработка.

Инаку дека постои недоволност на наплатата на локалните даноци и такси во некои општини зборува и податокот дека 12 рурални општини, 80 насто од буџетите ги полнат со средства од централниот буџет, а само 20 насто од сопствени извори на приходи-локални даноци и такси, се вели во допсиот од министертвото.

Според податоците  најголем процнет на платен данок на имот има во општина Центар, Аеродром, Карпош, Ѓорче Петров, Кисела Вода, Бутел, Чаир, Гази Баба , па следи Шуто Оризари и Сарај.

Минатата година владата одлучи со ребалансот на буџетот да скрати 50 милиони евра од парите за капитални инвестиции и да ги пренамени за покривање на долговите на општините. Ваквата одлука беше критикувана од дел од експертите  кои сметаа  дека парите ќе се потрошат,  а општините повторно ќе прават долгови. Дали оваа одлука ги даде посакуваните резултати според Треневски сеуште е рано да се каже. Вели дека  во европските земји за да им се помогне на општините  се формира фонд во кој дел од парите ги дава државата , дел банките, а потоа средствата во вид на поволни кредити им ги нудат на општините.