Македонија
5. January 2021 - 18:27

Општина Струмица ќе им помага на трговците од „Глобал“ за проценка на штетите од пожарот

Сопствениците и корисниците на деловни објекти кои претрпеа штети од пожарот во Трговскиот центар „Глобал“ попладнево од Општинската комисија за проценка на штети од елементарни непогоди добија инструкции и насоки за пријавување и проценка на штетата, соопштија попладнево од локалната самоуправа.

На средбата опствениците и корисниците биле детално информирани за спроведување на законската постапка за поднесување барање за финансиска помош од државата.

-Според единствената методологија за проценка на штети од елементарни и други непогоди, правните лица сами ја проценуваат штетата формирајќи сопствена комисија. Пополнетите формулари ги доставуваат до Општинската комисија, која како збирен извештај го доставува до Советот на општина Струмица и по неговото усвојување ќе биде доставен до Републичката комисија за проценка на штети, а ќе биде даден на разгледување и во Бирото за судски вештачења, појаснија од Општината.

На средбата било заклучено Општина Струмица да им отстапи една просторија во општинската зграда на сопствениците и корисниците каде ќе можат заедно со членовите на Општинската комисија точно и навремено да ги пополнат формуларите.

Инаку, проценката на штетите ќе се одвива на три нивоа-штети на објекти, на основни средства и на трговска стока.