Македонија
14. јуни 2020 - 17:27

Општина Струга од утре во карантин, позитивен еден вработен

Општина Струга оди во карантин откако еден од вработените е позитивен на Ковид 19. Тој е во домашна изолација со лесна симптоматска клиничка слика, шест лица кои биле во директен контакт ќе се тестираат а останатите вработени во администрацијата ќе останат во самоизолација. Со оглед на тоа дека од вторникот не доаѓал во општинската зграда туку работните задачи ги извршувал од дома немал големи контакти со вработените. Општината од утре до следниот понеделник ќе биде под клуч а ќе се врши и целосна дезинфекција на просториите.

Од локалната од Струга уверуваат дека и покрај тоа што општината нема да работи една недела нема да има застој во работата.

Од Центарот за Јавно здравје информираат дека последниве две недели двојно е зголемен и бројот на тестирања и апелираат граѓаните да се дисциплинирани да не се шири паника и да ги почитуваат сите препораки.

Инаку капацитетите на инфективното и помошното геријатриско одделение се целосно исполнети . До денеска на одделението се сместени 18пациенти . Доколку бројката продолжи да расте ќе се стави во функција и новиот хируршки блок.