Loading Video...
Македонија
24. April 2020 - 16:45

Општина Штип ќе овозможи бесплатен паркинг

Општина Штип ги ослободи од плаќање на комунални такси за користење на јавен простор сите правни субјекти кои се погодени од корона кризата се додека трае вонредната состојба. Се преполовува и долгот на фирмите кон општината.

Правните субјекти кои немаат остварено приход за време на вонредната состојба, ќе бидат ослободени од 50% за плаќање на фирмарина за 2020 година, која што се плаќа кон општина Штип-изјави БЛАГОЈ БОЧВАРСКИ, ГРАДОНАЧАЛНИК НА ШТИП

Приходите во општината се значително намалени во споредба со истиот период лани и тоа по основ прибирање на данок на имот од граѓаните. Сепак, локалната самоуправа реши во месец мај и јуни, штипјани да можат бесплатно да се паркираат во градот, а вработените во паркинг службата ќе се бидат ангажирани на други работни позиции. Започнува и масовна дезинфекција на јавните површини.

Денес во Штип нема регистрирани нови заболени од Ковид 19, а има 7 оздравени.

Бројката на излекувани до овој момент изнесува 19 лица- додаде Бочварски.

Во Штип имаше вкупно 34 позитивни на корона вирусот. Двајца починаа, а 13 се на домашно лекување, од кои 6 здравствени работници.