Општина Новаци определи посебна парцела за проектот „Нови типски куќи“
Општина Новаци ја прифати новата владина мерка и определи посебна катастарска парцела кај местото викано „Разловци“ на која се определени околу 100 посебни градежни парцели за изградба на куќи во Нова типска населба.
Градоначалникот на општина Новаци Лазар Котевски најави дека избраната парцелата предвидена за реализација на проектот „Нови типски куќи“ опфаќа околу 4 хектари.
- Владата ќе обезбеди средства за изработка на урбанистичка документација, како и потребната инфраструктура, односно спроведување на водовод и канализација, изградба на патишта и слично. Дополнително, државата за граѓаните обезбеди бесплатни проекти за куќа, што претставува уште една заштеда за искористување на оваа понуда за изградба на куќа со различна квадратура, појасни Котевски.
Од општина Новаци информираат дека на заинтересираните млади кои сакаат да градат типски куќи, земјиштето ќе им се продава по цена од 1 евро за метар квадратен. Просечната цена на комуналиите на територијата на општина Новаци изнесува 120 денари на метар квадратен и е значително помалку споредено со цената на градежното земјиште кое во некои општини изнесува и до 200 евра на метар квадратен .
- Сите процедури треба да завршат во втората половина на годината, а потоа земјиштата, на граѓаните ќе им се нудат на транспарентни јавни аукции, потврди Котевски и нагласи дека очекува Македонците од дијаспората кои потекнуваат од општина Новаци да покажат голем интерес за оваа владина поволност и идеја за изградба на типски куќи.
Ново на Сител
-
Неврохирург со амбиција за промени во општеството | Венко Филипче | Неформално | Sitel Podcast 028
-
Вработена во битолско средно училиште нападната од колешка
-
Поради одржување предизборни митинзи в сабота и недела изменет режим на сообраќај во Скопје
-
Во општините Дебар и Центар Жупа повеќе гласачи од жители
-
Тепачка помеѓу две колешки во средно училиште во Битола
-
Вчера пријавени два различни случаи на физичко насилство на Бит Пазар
-
Приведени сопружници од Скопје
-
Во Прилепско во тек се теренски акции за имунизација