Општина Новаци го одбележа Европскиот ден на соработката
Општина Новаци, корисник на средства од Интерег Програмата за прекугранична соработка Македонија-Грција 2017-2020, во соработка со Агенцијата за поттикнување на развојот на земјоделството-АПРЗ, го одбележаа Европскиот ден на соработката.
Двата македонски партнера во соработка со три организации од соседна Грција го реализираат проектот „Одржливо менаџирање на агро отпадот за загревање на руралните области“.
- Ученици од ЦОУ „Славко Лумбарковски“-Новаци, денеска во градскиот парк кај Саат кулата Битола твореа и цртаа разни симболи на Европска унија. Настанот кој заеднички го организиравме беше едукативен, забавен, креативен и инклузивен. Европскиот ден на соработката ги посочува достигнувањата постигнати преку територијалната соработка на илјадници луѓе секога година. На овој начин се зголемува видливоста и се подигнува јавната свест за Интерег ИПА прекуграничната соработка, транснационалните и интернационалната соработка и нивните проекти, истакна Катерина Чукалевска, соработник за алтернативен туризам и занаетчиство во општина Новаци.
Во одбележувањето на Европскиот ден на соработка организирани се околу 170 локални настани, 50 програми за соработка од околу 35 до 40 држави од Европа.
Со овој проект, општина Новаци ќе набави механизација за чистење на речните канали и корита, а вегетацијата која ќе се собира, ќе се суши и ќе се користи за загревање на градинката „Бамби“ во Новаци“.
Ново на Сител
-
Алкалоид осминафиналист во Европскиот куп
-
Во Грузија и вечерва продолжија антивладините протести
-
ФФМ: Одложени натпреварите од 17. коло во ПМФЛ
-
Семејна драма во Штип: Мајка ја нападнала ќерка си
-
Поради снег забрани за тешки товарни возила на патот Кичево - Охрид и кај Плетвар
-
Малолетник од Скопје со нож се заканувал на соученици
-
Прегазен пешак во Битола, итно пренесен на Клиника
-
Одредена мерка притвор за тројцата учесници во инцидентите во Скопје