Општина Крива Паланка ќе добие канцеларија за социјални работи
Во завршна фаза се активностите за опремување и отворање на општинската канцеларија за социјални работи во Крива Паланка. Градоначалникот на општината, Борјанчо Мицевски, директорот на Меѓуопштинскиот центар за социјални работи Гоце Цветковски и претставникот од Министерството за труд и социјална политика, денес извршија обиколка и увид во завршните активности на терен.
-Подготовката и опремување на канцеларијата и неодамна формираниот Совет за социјална заштита, како и програмата за социјална заштита на Општина Крива Паланка за 2020 година, претставуваат директна поддршка на локалната власт во обезбедување на социјалните услуги за граѓаните, во насока на поголема пристапност и достапност до правата и услугите од социјалната заштита и развојот и унапредување на социјални услуги во нашата заедница, изјави градоначалникот Мицевски.
Канцеларијата е опремена преку аплициран проект во соработка со Министерството за труд и социјална политика и Меѓуопштинскиот центар за социјални работи, а официјално ќе биде ставена во функција за десетина дена.
Една од главните цели на проектот е развој и подобрување на квалитетот на социјалните услуги во локалните заедници, согласно со потребите на граѓаните и зголемување на пристапот до социјалните услуги наменети за ранливите групи на граѓани, постарите лица, лицата со попреченост и други лица, за што се обезбедени вкупно 10,8 милиони евра.
Ново на Сител
-
Крилото на Села на АА оди во коалиција со Европскиот фронт, очекува најмалку пет пратенички мандати
-
Тепачка помеѓу вработени во болница во Карпош
-
Физички нападната 71-годишна скопјанка
-
Тепачка на паркинг во Скопје
-
19-годишник повреден на работно место
-
Локализиран пожар во туристичката населба Абланица во Берово
-
Палестинската управа формира нова влада
-
Руски воени бродови впловија во Црвено Море