Македонија
28. January 2016 - 12:40

Општина Кочани со два проекти за прекугранична соработка со Бугарија

Во рамките на програмата за прекугранична соработка Македонија - Бугарија, општина Кочани заедно со општините партнери Разлог и Гоце Делчев од бугарска страна ќе реализира два проекта од непосреден интерес на граѓаните на Кочани, за кои на последната седница расправаше и даде поддршка Советот на општина Кочани.
 
- Првиот проект  се  однесува на дорегулацијата на Кочанска Река во Кочани и на Јазова Река во градот Разлог, во вредност од 400 илјади евра. Вториот проект се однесува на Туристичко информативниот центар  Пониква од кочанска страна и на туристичкиот информативен центар Попови ливади во општина Гоце Делчев. Во овој проект ние сме водечки партнер, а проектот е во вредност од 500 илјади евра, ни изјави Ратко Димитровски, градоначалник на општина Кочани.
 
Во рамките на прекуграничната соработка со по еден проект конкурираат и општините Зрновци и Чешиново Облешево.