-->
-->
Општина Кичево со субвенции ќе се бори против невработеноста
-->
Општина Кичево втора година по ред оддели средства за борба против невработеноста.
– Годинава во буџетот на општината се предвидени околу 50.000 евра за субвенции за самовработување на поединци и фирми што ќе вработат невработено лице, рече Бурим Кадриу од секторот за финансии во општината.
Појаснува дека минатата година со ова мерка се вработиле 25 невработени лица. Вели дека со оваа мерка поединци кои имаат бизнис план можат да отворат дејност односно фирма со нивна помош со неповратни средства од 180.000 денари, но и фирми кои ќе вработат невработено лице можат да ги добијат овие средства се неповратни, но со услов да не бидат отпуштени најмалку една година оние што ќе се вработат.
– Во општина Кичево сме свесни дека со ова мерка не можеме го решиме проблемот на невработеноста но сепак ќе се трудиме да придонесеме во овој план, освен ова ние и оваа година ќе вработуваме и 50 лица претежно од семејства кои се социјално загрозени за да ги ангажираме за вршење на разноразни комунални работи на целата територија на нашата општина заврши Кадриу.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Неврохирург со амбиција за промени во општеството | Венко Филипче | Неформално | Sitel Podcast 028
-
Вработена во битолско средно училиште нападната од колешка
-
Поради одржување предизборни митинзи в сабота и недела изменет режим на сообраќај во Скопје
-
Во општините Дебар и Центар Жупа повеќе гласачи од жители
-
Тепачка помеѓу две колешки во средно училиште во Битола
-
Вчера пријавени два различни случаи на физичко насилство на Бит Пазар
-
Приведени сопружници од Скопје
-
Во Прилепско во тек се теренски акции за имунизација