Општина Карпош ја расчистува депонијата кај СЦ „Борис Трајковски“
Општина Карпош започна со чистење на депонијата во близина на Спортскиот центар „Борис Трајковски”, што изминатава недела гореше во два наврати.
Oд утринава, како што соопштија од Општината, на терен, интензивно се работи со соодветна тешка механизација, (гасеничари, камиони и сл.) а во акцијата ќе се вклучат и комуналните служби на општината.
Од 16 часот на овој дел ќе има двајца дежурни комунални редари на локалната самоуправа.
Градоначалникот на Општина Карпош, Стефан Богоев апелира до СВР Скопје да се зголемат полициските патроли и дежурства во овој предел во текот на викендот и престојните денови.
Од Општина Карпош соопштуваат дека во изминативе три години континуирано се работи на чистење на депониите. Затворена е децениската депонија кај хотелот „Александар Палас”, во Злокуќани (кај фудбалското игралиште), како и во Бардовци (долж Лепенец), а целосно е исчистен и израмнет теренот кај мостот „Газела”, што прераснува во нов парк.
Ново на Сител
-
Руски воен репортер загина во Украина
-
Претрес во Свети Николе, пронајдена дрога
-
Пожари на диви депонии во Желино и Боговиње
-
Приведен дилер во Охрид, пронајдена дрога
-
Вучиќ-О'Брајан: Различни ставови по прашањата за Косово и Сребреница
-
Шест деца и тројца возрасни загинаа во израелски напад во Рафа
-
Во вторник предизборен молк
-
СПМ поднесе кривична против поранешниот министер за внатрешни работи и други три лица за несовесно работење