Македонија
29. January 2019 - 13:40

Општина Гевгелија лани примила 28 барања за пристап до информации од јавен карактер

Во текот на изминатава 2018 година, општина Гевгелија примила вкупно 28 барања за пристап до информации од јавен карактер и на сите нив е одговорено од страна на надлежните служби, соопшти денеска службата за односи со јавноста на општина Гевгелија.

Од физички лица биле поднесени шест барања, по две од Гевгелија и Скопје и по едно од Богданци и Прилеп, а останатите 22 барања биле поднесени од 13 правни лица од кои осум со седиште во Скопје, две од Струмица и по едно од Велес, Прилеп и Валандово.

– Поднесените барања се однесуваа на разни прашања од работењето на локалната самоуправа, почнувајќи од бројот на службени возила со кои располага, бројот на одржани седници на Советот, стратешки планови, општинскиот буџет, па се до разни програми, планови за јавни набавки, број на вработени и информации за бегалската криза, рекоа од службата за односи со јавноста од каде потврдија дека на сите барања било одговорено позитивно.