-->
-->
Општина Гевгелија донесе одлука за распишување референдум за или против населување мигранти
-->
Гевгелиските советници денеска на вонредна седница со 11 гласови „за“ и четири „воздржани“ ја изгласаа одлуката за распишување референдум за населување на мигранти на територијата на општина Гевгелија.
Одлуката што беше предложена од советничката група на ВМРО-ДПМНЕ беше подржана од 11-те советници на оваа партија, а четворица советници на СДСМ гласаа воздржано. Останатите четворица советници ја напуштија седницата.
Референдумското прашање по кое ќе се изјаснуваат гевгеличани ќе гласи „Дали сте за или против населување и интеграција на мигранти на територијата на општина Гевгелија“ и по него ќе се гласа на 15-ти октомври односно заедно со одржувањето на локалните избори, информира Љубчо Алексовски од општинската служба за односи со јавноста.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
ВМРО-ДПМНЕ ја официјализираше својата коалиција
-
Мицкоски очекува ТВ дуел со Ковачевски
-
МТСП: Понеделник неработен за граѓаните од католичка вероисповед
-
Се уште нема трага од двегодишната Данка, потрагата продолжува
-
Индустриското производство во февруари зголемено за 0,3 отсто
-
ДЗС: Струјата во второто полугодие лани поскапела за 8,2 отсто
-
СДСМ: Нема ништо ново во понудата на ВМРО-ДПМНЕ
-
И Италија ќе го чува македонското небо