Општина Гази Баба постави четири пунктови за автоматско дезинфицирање на возилата
Во насока за поголема безбедност на граѓаните, Општина Гази Баба преку Кризниот штаб донесе одлука за поставување на четири пунктови за автоматско дезинфицирање на возилата.
Од Општина Гази Баба информираат дека пунктовите се поставени на сите четири влезови и излези од општината.
– Првиот пункт е поставени на улица „Благоја Стефковски” кај кино Маџари, опфаќајќи ги сите возила од Петровец и околните населени места од Дрма до Хиподром, вториот пункт кај ООУ „Кирил и Методиј“ во Стајковци опфаќајќи ги населените места од Раштак до Стајковци, како и сите возила кои влегуваат од северната обиколница. Третиот пункт е поставен во близина на „С-маркет“ опфаќајќи ги сите возила кои влегуваат или излегуваат во општината од страна на Арачиново. Четвртиот пункт ќе биде поставен на улицата „Коце Металец” во Железара, опфаќајќи ги сите возила кои догаѓаат од страна на Општина Бутел, соопштуваат од прес-службата на општината.
Сите пунктови имаат целодневен надзор од екипи на ЈКП Гази Баба, додека за време на полицискиот час надзорот го вршат полициските службеници.
Општина Гази Баба изразува голема благодарност до професорите и инженерите во средните училишта „8-ми Септември” и „Михајло Пупин” кои по барање на Кризниот штаб, ја изработија конструкцијата и автоматиката на пунктовите за автоматско дезинфицирање на возилата.
Од општината апелираат до граѓаните да ги одржуваат пунктовите и истите да не бидат оштетувани.
Ново на Сител
-
Убедливо водство на Силјановска
-
ОБСЕ/ОДИХР ги објави првичните резултати за првиот круг претседателски избори
-
Хроника на изборни нерегуларности за првиот круг на претседателските избори
-
Анализа на првиот круг од претседателските избори
-
Убедлива победа на Силјановска во првиот круг, Пендаровски најавува продолжување на европската агенда
-
Груби со куфер од пред Општина Чаир побара да си одат четворицата претседатели од албанската опозиција
-
Таткото на Вања Ѓорчевска оди во куќен притвор
-
Таткото на Вања повторно бара слобода од Врховниот суд