Општина Гази Баба додели грантови за студенти иноватори
Во просториите на Општина Гази Баба денеска градоначалникот Бобан Стефковски ги додели грантовите за финансиска поддршка на студенти иноватори.
Како штоинформираат од општинската прес-служба, целта на овој проект е поттикнување на студентите слободно да размислуваат и да наоѓаат креативни решенија за проблемите и прашањата со кои се соочуваат.
– Денеска во просториите на Општина Гази Баба ги доделивме грантовите за финансирање на студенти иноватори. Основната цел на овој проект е мотивирање на студентите да размислуваат иновативно, а она што истите како проект ќе го замислат општината ќе биде партнер во неговата реализација. Мудрите луѓе запишале дека за креативноста е потребна храброст, напиша градоначалникот Стефковски на својот фејсбук профил.
Како градоначалник на Општина Гази Баба, посочува тој, ги охрабрувам и поттикнувам студентите да бидат иновативни и креативни, а мојата и поддршката на општината ќе ја имаат во реализација на нивните проекти.
Ново на Сител
-
Експерти: По обвинението првата антикорупционерка треба да се тргне од функцијата
-
Објавен тендер за трет мобилен оператор
-
Шукова уште пред 3 месеци се самокандидирала во СДСМ за Скопје
-
Преглед на вестите од светот
-
СДСМ ја кандидира Каја Шукова за градоначалник на Скопје
-
Тема на денот со Горан Марковски, декан на Градежниот факултет
-
СДСМ ја кандидира Каја Шукова за градоначалник на Скопје
-
Вештачката интелигенција од септември ќе се применува во средните училишта во Македонија