Македонија
18. November 2016 - 15:22

Општина Дебрца го најави проектот „Сини вирој“ за развој на руралниот туризам

Општина Дебрца ја обезбеди потребната техничка документација за реализација на проектот „Сини вирој“, зафат осмислен како активност за развој на руралниот туризам во општината.

Станува збор за техничка документација за локалитетот Сини Вирој“ што предвидува изградба на локален пат за негово поврзување со селата Белчишта и Ново Село во должина од пет километри, потоа изградба на паркинг простори за автомобили и автобуси, изградба на пешачка патека од природни материјали во должина од еден километар, како и изградба на четири видиковци од природни материјали камен и дрво.

Градоначалникот на Дебрца Игор Трајковски појасни дека со обезбедувањето на техничката документација Општината ќе има можност со подготвен проект да аплицира на европските фондови за финансиски средства за негова реализација, во насока на развојот на руралниот туризам во општината.