Македонија
11. July 2015 - 17:27

Општина Аеродром доби нов модерен парк

Жителите на општина Аеродром добија нов парк во близина на клиниката Мајчин дом. На површина од 3000 метри квадратни паркот нуди пријатен престој за сите генерации. Граѓаните ќе уживаат во ново зеленило, надополнето со големо езеро со фонтани и водопади, пешачки патеки, река и детско игралиште. За неговата изградба општина Аеродром издвои 30 милиони денари.

Градоначалникот Коневски потенцираше дека општината во изминатите години стана препознатлива по големиот број паркови и зелени површини кои зафаќаат  повеќе од 100.000 квадрати, инвестиции кои значително ги подобрија условите за живеење во овој дел од главниот град. Наскоро целосно ќе биде завршен и новиот парк...

На пуштањето во употреба на деветиот парк во општината Аеродром присуствуваше и премиерот Никола Груевски.