Македонија
7. March 2016 - 16:24

Опрема вредна над 2 милиони денари за З.Д.Железничар

Нова опрема за Здравствен дом Железничар со која треба да одговорат на зголемениот број на пациенти.

Биохемиски анализатор, апарат за дерматитис и дензитометар за остеопороза  се апаратитите кои веќе се ставени  во функција. За поквалитетни и побрзи услуги, во Железничар работат и пет специјалисти преземни од приватни установи.

-Осум доктори беа испратени на едукација во странство и тоа во Словенија, Турција, Бугарија, со што практично покажуваме дека и во некои условно кажано помали здравствени установи, овој проект на едукација во странство функционира. Гледаме сите доктори и специјалисти кои ги имаме во јавното здравство да бидат испратени на едукација во странство и со тоа да помогнеме во воведување нови методи, изјави Никола Тодоров, министер за здравство.

Иако е мала здраваствена установа, во Железничар прават систематски прегледи а издаваат и лекарски уверенија за возачи.

-Дневно има над 1000 пациенти а некогаш и повеќе во зависност од потребите, вели Соња Васиќ, директор на Здравстве дом Железничар.

Опремата што ја доби Здравствен дом железничар е во вредност од два милиони денари.