Свет
29. April 2016 - 8:31

Опозицијата во Венецуела покренува референдум за отповикување на Мадуро

Опозицијата во Венецуела собра 600.000 потписи што е трипати повеќе отколку потребните 200.000 за покренување постапка за распишување референдум за отповикување на претседателот Николас Мадуро.

– Тоа се голем број потписи ако се земе предвид дека изборните власти бараат нешто помалку од 200.000, изјави Енрике Маркес, потпретседател на парламентот.

Државната изборна комисија и одобри на опозицијата во вторникот да собира потписи за покренување прва фаза од референдум за отповикување на претседателот Мадуро.

За да го примораат Мадуро на заминување од функција, потребно е да се регистрираат повеќе гласови отколку што тој добил на изборите во 2014 година,односно повеќе од 7.587.000.

Венецуела е во длабока политичка криза по победата на опозицијата на парламентарните избори во декември, првпат по 1999 година.