Македонија
22. April 2021 - 16:43

Опозицијата иницира нов Закон во делот на здравството

ВМРО-ДПМНЕ го поднесе предлог законот со кој бара рефундирање на парите на ковид пациентите кои досега се лекувале во приватните клиники. Граѓаните со хронични болести кои повеќе од 60 дена чекаат операција да можат по истата цена да ја добијат приватно. Опозицијата очекува поддршка за донесување на ова законско решение од власта за која вели дека ги оставила граѓаните сами на себе.

Оставка од здравствените власти денеска побара и колаицијата на Алијанса и Алтернатива. Велат дека со ова темпо на Македонија ќе и требаат 10 години за да го имунизира населението.

Денеска во Собранито стартување комисиската расправа за измени на Законот за здравствена заштита предложен од владејачкото мнозинство, со кој се предвидува граѓаните кои во иднина ќе се лекуваат во приватните клиники да платат исто како да се лекуваат на државна сметка.