Опоравувањето ќе трае двојно подолго ако долгот надмине 60%
Земјава не смее да го пробие нивото од 60% јавен долг. Според универзитетскиот професор Борче Треневски, еконмиите како нашата двојно потешко се опоравуваат ако јавниот долг надмине 60% од бруто домашниот производ.
Заклучно со јуни, јавниот долг е зголемен и изнесува 59,5%. Растот во вториот квартал изнесува 8,9 процентни поени или близу една милијарда евра.
„На малите и отворени економии како нашата ако го надминат нивото од 60% од БДП, ќе им бидат потребни двојно повеќе години за да се вратат под 60%. Значи, ќе влеземе во една зона која ќе биде многу специфична за опоравување. Од една страна, ќе се бараат мерки за ревитализација на економијата, а од друга, ќе мора да се собираат повеќе приходи во буџетот. На Владата ќе и биде многу тешко тоа да го објасни“, вели Треневски за Сител.
Наташа Хаџиспиркоска Стефанова
Ново на Сител
-
79-годишен дедо нападнал полицаец во Куманово
-
Грк починал во битолско казино
-
Во Штип на гласање до 9 часот излегле 5,27 отсто од гласачите
-
Излезноста до 9 часот во Општина Тетово е 3,2 отсто
-
Излезноста во Струга до 9 часот 2,4 отсто, во Вевчани 5,5 проценти
-
Во Неготино до девет часот гласале 5.83 проценти од гласачите
-
До 9 часот во Дебар еден отсто, во Центар Жупа 1,9 отсто излезеност
-
Во Велес и Велешкo до 9 часот излезеноста е 4,97 проценти