Опасната болест ја закачил во градинка: Нашиот син (3) крена температура, му беше лошо, а по 12 часа почина во тешки маки

Хектор Киркам (3) од Ланкестер е одведен во болница откако е утврдено дека е заразен со менингококна сепса, но за жал ја изгуби битката со животот.
Неговите пријатели по смртта одлучија да ги предупредат останатите родители и нивната трагична приказна да ја споделат на социјалните мрежи.
„Хектор беше совршен во секој поглед, тој беше сиот наш свет, наш најдобар пријател. Состојбата брзо му се влошила откако добил менингококна сепса. Симптомите во вид на мачнина и висока температура се појавила на само 12 часа пред да го загубиме. Ги предупредуваме сите родители да бидат внимателни и да ги следат знаците кои може да доведат до менингитис и во случај да забележат нешто да не чекаат ниту момент, туку веднаш да го одведат на лекар“, изјави ожалостената мајка Шарлот.
На децата и на вработените во градинката во Ланкестер сега им се понудени антибиотици, но како што велат од болницата, „ризикот од уште еден случај од овој тип сега е спуштен на минимум“.
-Менингококниот менингитис не се шири така лесно. Како мерка на претпазливост, на децата и вработените им се понудени антибиотици за да ја смалиме шансата бактеријата која го носи вирусот да допре до нив, стои во известувањето.
Менигококниот менингитис е инфекција предизвикана од бактеријата Neisseria meningitidis која може да предизвика воспаление на мозочната кора и кората на рбетниот мозок.
Симптомите се:
Кожни крварења (петехии), висока температура, силна галвоболка, општа лоша состојба, повраќање и мачнина, вкочанетост на вратот, чувствителност на светлина, промени во менталниот статус.
Ново на Сител
-

Димитриеска-Кочоска: Буџетот за 2026 е развоен, реален и одговорен, а граѓаните да бидат спокојни – државата е финансиски стабилна
-

Цената на преспанското јаболко со Ордан Чукалиев | Неформално | Sitel Podcast 124
-

Церемонија на свечено менување на државното знаме во Кабинетот на Сиљановска-Давкова
-

Здружение „Безбедни патеки“: Србија има најголем број на загинати во несреќи во Европа
-

Се отвора нова страница во развојот на трансплантациската медицина со успешно започнување на трансплантација на рожници
-

Ѓорѓиевски: Донесен е ребалансот на Буџетот на Град Скопје, обезбедени се средства за булевари, паркови, зголемени капитални инвестиции
-

Зеленски ги разреши министрите за енергетика и правда од Советот за национална безбедност и одбрана на Украина
-

Полициски службеник си пукал во рака додека го проверувал своето оружје
