Опасен сексуален тренд се шири меѓу младите
Младите се порано стапуваат во сексуални односи и се чини дека на тој чин денес се гледа многу поинаку од порано. Генерациите станаа послободни по прашање на многу работи, па и по прашањето за сексуалните односи. Она што загрижува е впуштањето на младите во сексуалните односи без обврски.
Иако за многумина сексуалниот однос се поврзува со чувство на љубов и блискост, постојат многу млади луѓе кои сметаат дека овие работи може да се одвојат и дека е работа на популарност во друштвото да се има пријател со бенефиции.
Дека сексуалност денес се смета на поинаков начин потврдува и психологот Тања Станиќ за Магазин.нет.хр.
Таа вели дека младите денес стапуваат во односи многу рано и од погрешни причини.
„Ваквите односи често завршуваат така што девојките се повредени и разочарани, а трендовите како селфи, белфи и останати експлицитни фотографии кои се појавуваат на социјалните мрежи стануваат опасен тренд што ќе остави сериозни последици на младите“, смета Станиќ.
Потребата интимата да се сподели со светот всушност е потреба за признавање, бидејќи колку лајкови ќе соберете толку вредите.
Најважно е родителите уште во најрана доба да им помогнат на децата да изградат самопочитување, бидејќи така ќе знаат колку вредат и без социјалните мрежи.
Ново на Сител
-
Медиуми: УЕФА ќе дозволи 26 фудбалери на ЕУРО2024
-
Тајланд сака да биде домаќин на трка во Формула 1
-
Маж во САД ги убил сопругата и трите деца по што се самоубил
-
Наставниците во Тенеси ќе можат да носат пиштоли на училиште
-
Може да гласаат и граѓаните со истечени лични документи од 24 јули 2023 година
-
Упатство за гласање на претседателските избори
-
Отворени избирачките места, право на глас имаат 1.814.317 граѓани
-
Народниот правобранител со бесплатна телефонска линија за пријавување повреда на избирачко право