Македонија
29. April 2021 - 19:53

Опаѓа притисокот врз болниците

Со намалување на бројот на новозаразени попушта и притисокот на пациенти со Ковид- 19 кои имаат потреба од хоспитализација. Ако првата недела во април имаше над 1700 граѓани на болничко лекување, според денешната статистика од Министерството за здравство во Ковид центрите ширум државата се лекуваат 1237 лица, односно 500 помалку. Речиси во сите болници има слободни кревети. На Институтот за белодробни заболувања и туберкулоза каде половина година се третираат пациенти со компликации од вирусот после подолго време имаат 10-тина празни места.

-Кај нас на Институтот се примаат и третираат пациенти со средно тешка клиничка слика, изјави д-р Сеад Зејнел, директор на Институтот за белодробни заболувања и туберкулоза.

Доколку продолжи да се подобрува епидемиолошката состојба здравствените власти најавија дека после Клиниката за урологија, по празниците во нормална функција се враќа и пластична хирургија, а постепено и останатите клиники кои сега функционираат како Ковид центри.