ОМД:Просперитетот на Македонија зависи од слогата и индивидуалните вредности
Обединетата Македонска Дијаспора (ОМД) го поддржува сегашниот унитарен систем на власт во Македонија и постојаното признавање и интеграција на сите граѓани - без разлика на етничката припадност, религија или други квалификации - во политичкиот процес, стои во денешното соопштение од ОМД.
Во последните години, се вели во соопштението, е постигнат значаен напредок, но се уште е потребно да се работи во насока на осигурување на правичен и еднаков третман на сите граѓани. Во заеднички интерес на сите, се подвлекува, е да се обединат со цел надминување на сегашната криза преку јасно изјаснување против корупцијата, непотизмот и анархијата кои го попречија процесот на развој на Македонија кон демократија базирана на слободен пазар и класичните либерални принципи.
ОМД, се посочува во соопштението, се спротивставува на сите активности кои допринесуваат кон сегрегација на Македонија базирана на националност.
- ОМД верува дека Охридскиот рамковен договор од 2001 година - посебно одредбите кои предвидуваат квоти за етничките малцинства во судството, државните органи, државната и јавната администрација - беа штетни и доведоа кон ефективна институцијализација на сегрегацијата. Позициите во секој дел од општеството, без разлика дали во приватниот или јавниот сектор, треба да бидат пополнети врз основа на индивидуалните способности и достигнувања. Безбројни примери низ годините насекаде во светот докажаа дека сегрегацијата секогаш води кон неуспех. Македонија не е во можност да ја поддржува сегрегацијата преку федерализација и истовремено да очекува да просперира, стои во соопштението.
ОМД, се вели во соопштението, стои на ставот дека политичките партии не треба да бидат базирани на етнички или религиски разлики и поделби, туку треба да бидат базирани на заедничка политичка идеологија и вредности.
Ново на Сител
-
ДИК: Oбработени 96,37% од гласовите, Силјановска Давковa 351.826 - Пендаровски 174.658
-
ДИК: Oд обработени 90,18% oд гласовите Силјановска Давкова 325.150, Пендаровски 162.062
-
Ковачевски: Знам дека многу наши поддржувачи се разочарани, но сега не е време за откажување
-
ДИК: Oд обработени 87,17% oд гласовите Силјановска Давкова 315.638, Пендаровски 156.406
-
Мицкоски: Победуваме со над 170.000 гласа разлика
-
Пендаровски: Резултатите не се такви какви што ги очекувавме
-
Пендаровски: Резултатите не се такви какви што ги очекувавме
-
Димитриевски: Испишуваме историја, се роди 3-тата политичка сила во македонскиот политички блок