Кошарка
26. јуни 2016 - 11:40

Олимпија бара проширување на АБА лигата

Најпознатата словенечка екипа Олимпија која не обезбеди учество во АБА лигата следната сезона, побара проширување на регионалната лига и со тоа административен влез во првенството на најдобрите тимови од Балканот.
 
- Почитувани, како едни од основачите на АБА лигата, ви се обраќаме со молба до следното Собрание да се разгледа предлогот за проширување на АБА лигата на најмалку 14 екипи и за тоа да се одлучи во најкраток можен рок, стои во дописот од Олимпија.
 
Љубљанчани бараат лигата во сезоната 2016/17 да брои 14 наместо планираните 12 екипи, а таковото барање добило поддршка и од Српскиот кошаркарски сојуз, јавуваат тамошните медиуми.
 
Постои опција и за проширување на 16 екипи, но дали АБА ќе брои 12,14 или 16 екипи во новата сезона, ќе се знае по Собранието закажано за 1 јули во Подгорица за кога е закажана и жрепката за натпреварувачкиот календар.
 
И оваа година претставник од Македонија во Јадранското натпреварување ќе биде МЗТ Скопје Аеродром.