Свет
3. јуни 2016 - 11:57

Оланд: Помирувањето зависи од Израелците и Палестинците

Францускиот претседател Франсоа Оланд ги повика денеска Израел и Палестинците да направат „храбар избор за мир“ и со тоа почна во Париз меѓународниот состанок за израелско-палестинскиот судир.

Оланд рече дека решението мора да подразбира „целиот регион“, но на крајот да се сведе на Израел и Палестина.

Министерот за надворешни работи на Франција Жан Марк Еро кој е домаќин на состанокот, вели дека директните преговори меѓу двете страни „не функционираат“.

– Моментно се е блокирано. Ние не сакаме да дејствуваме наместо Израелците и Палестинците, но сакаме да им помогнеме, изјави тој за радио Франс инфо.

Ниту една од страните нема да биде присутна на денешните разговори, чија цел е создавање „клима на доверба“ за охрабрување на Израелците и Палстинците да се приближат со ставовите. Состанокот има за цел поставување основа за полноправна мировна конференција која ќе биде одржана до крајот на годинава.