-->
-->
Оланд ќе бара брза екстрадиција на Салах Абдеслам во Франција
-->
Францускиот претседател Франсоа Оланд синоќа по завршувањето на Самитот на ЕУ во Брисел, во присуство на белгискиот премиер Шарл Мишел, најави дека ќе побара брза екстрадиција во Франција на Салах Абдеслам, кој беше упасен вчера при полициска акција во главниот град на Белгија.
Како што јави дописникот на МИА од Париз, Абдеслам е оосмничен за логистичката поддршка на терористите што ги извршија терориситчките напди во францускиот главен град на 13 ноември минатата година.
Оланд најави дека француските власти „многу брзо ќе испратат барање за екстрадиција“ до Белгија и изрази надеж дека „белгиските власти ќе одговорат позитивно, коллу што е можно побрзо“.
- Јавниот обвинител на Париз ќе побара екстрадиција (на Абдеслам), за да може Франција да го испитува и да му се суди во Франција, изјави Оланд.
Салах Абделам па кој Франција распиша меѓународен налог за апсење, беше најабараниот оосмничен терорист во Европа во изминативе четири месеци.
Претпладенво Оланд ќе одржи вонреден состанок на Советот за безбедност во Елисесјката палата во врска со апсењето на Абдеслам. тг/сп/08:47
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Кривична пријава за жител на Росоман за посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи
-
Таравари демантира дека вчера имал тајна средба со Ахмети, на која добил понуда од него
-
Во германските продавници пронајдени се над сто килограми кокаин во пратките со банани
-
Тошковски во посета на ЕВР Центар и Бит Пазар
-
Грчката Влада ја остава отворена можноста да ѝ помогне на Франција со противвоздушни системи за време на Олимписките игри
-
Норвешка донираше 76 неборбени моторни возила на Македонија
-
Моментно нема индикатори за нов ценовен бран, оценува бизнисот
-
Би-Би-Си на српски: Оствари ли опозицијата недостижна предност пред вториот круг гласање