Свет
27. September 2015 - 18:45

Оланд: Француски авиони уништија камп за обука на ИД во северна Сирија

Француски авиони извршиле воздушни напади и уништиле камп за обука на Исламска држава, покрај северниот сириски град Дејр ал Зур, изјави францускиот претседател Франсоа Оланд. 

- Франција разговара со сите и не отфрлува никого при барањето на политичкио решение за Сирија, нагласи Оланд во Њујорк, каде учествува на Генералното собрание на Обединетите нации. 

- Париз сепак смета дека иднината на Сирија не го вклучува сирискиот претседател Бараш ал Асад, додаде тој. 

Оланд посочи дека следните недели се можни други воздушни напади.

- Воздушните напади, кои Франција ги извршува врз позиции на групацијата ИД на тетиторијата на Сирија без одобрение на Дамаск и на Советот за безбедност на ОН се спротивни на меѓународото право, објави на својот на профил на Фејсбук портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова. 

Таа истакна дека тие напади не може да се сметаат како неопходен акт на самоодбрана, бидејќи тоа се воздушни напади врз земја која никого не напаѓа и се извршени без нејзино одобрение.

- Како референдумот во Крим може да се смета за анексија, а напади без одобрение на СБ на ОН и на сириската Влада да се сметаат за самоодбрана, праша таа. 

Захарова нагласи дека тука не може да станува збор за никакво меѓународно право, туку за уништување на меѓународното право пред очите на „шокираната меѓународна заедница“.