Свет
23. February 2016 - 8:44

Оланд: Франција е одговорна за штетите од нуклеарните тестови во Полинезија

Францускиот претседател Франсоа Оланд изјави дека Франција презема одговорност за штетите што ги предизвикала во Полинезија со своите нуклеарни проби.  

- Сакам официјално да признаам пред вас. Признавам дека нуклеарните тестови извршени од 1960 до 1996 година се одразија врз животната зредина и имаа здравствени послеици, изјави Оланд на средба со претставниците на локалните власти од Француска Полинезија.

Како што јави ТАСС, на средбата, што се одржа денеска во градот Папете на Тахитите, Оланд најави активирање на процесот за разгледување на барањата на локалните жители од Полинезија за исплата на надомести за предизвикани штети од нуклеарните проби, вклучително и за зголемениот број на заболувања од рак.