Фудбал
10. January 2016 - 17:32

Оксфордска лекција за Свонси

Фудбалерите на Оксфорд Јунајтед го приредија првото поголемо изннадување во средбите од третото коло на англискиот ФА Куп победувајќи го премиерлигашот Свонси Сити со 3-2. 
 
Оксфорд Јунајтед се натпреварува во „Лиџ Ту“, четвртата по квалитет англиска фудбалска лига, но разликата не можеше да се види на теренот.
 
Гостите поведоа со голот на Џеферсон Монтер во 23 минута, но домаќинот направи пресврт со три гола, а стрелци беа Лим Серкомбе во 45 минута од пенал и на Кемар Руф во 49 и во 59 минута. Велшкиот тим со голот на Бафатмби Гомис во 66 минута се врати средба во неизвесност, но Оксфорд успеа да издржи до крајот и да избори историска победа.