Околу шест милиони денари за НВО од буџетот на општина Македонска Каменица
Советниците од Општина Македонска Каменица распределија околу шест милиони денари за невладини организации и спортски клубови за реализација на проекти коишто ќе бидат од интерес за граѓаните.
Градоначалникот Дарко Митевски истакна дека со овие средства се дава поттик за работа на граѓанските здруженија.
- Оваа година имаме најмногу средства за граѓанските здруженија и спортските клубови коишто придонесуваат за развој на спортот во Македонска Каменица и кои анимираат голем број на млади членови за да се занимаваат со спорт. Одобрени се и средства на риболовното и ловното друштво, на организации од областа на социјалата, пчеларското здружение, здружение од областа на екологијата. Мора да потенцирам дека е усвоена и програмата за 2017 година на КИЦ „Романса“. Поголем дел од средствата се наменети за тековна работа на овие организации и за реализација на нивните програми, истакна Митевски.
Фудбалскиот клуб Каменица–Саса која доби 1,6 милиони денари, а претседателот на клубот Тони Анастасов изјави дека средствата ќе помогнат во функционирањето на клубот во првите шест месеци од наредната година.
- Имаме амбиции за влез во Втора лига. Доколку се остварат нашите амбиции во јуни со ребалансот на буџетот очекуваме уште средства. Овие одобрени средства ќе ги покријат сите трошоци за тековното работење на ФК. Со младите категории и сениорите во ФК се опфатени околу 100 младинци и деца. Моментално се натпреваруваме во Трета лига и сме на трето место. Но,во 2017 ќе се прават две втори лиги, Исток и Запад и ние се бориме да бидеме на првите четири места за да имаме влез во Втората лига Исток, рече Анастасов.
Општина Македонска Каменица за 2017 има на располагање 218 милиони денари основен буџет, а вкупниот буџет е 337 милиони денари.
Ново на Сител
-
Гласаат затворениците во Штип
-
Управен ја запре постапката за вработување на 130 кандидати за идни судии и јавни обвинители
-
ДСЗИ констатира незаконско работење на Токсикологија – лица без договор за работа давале здравствени услуги
-
Супервештачење за случајот Веапоска која остана без три органи
-
Ученикот кој претепа наставничка ќе биде префрлен во друго училиште
-
Просечната плата помала за 5 евра, трошоците зголемени за 20 евра - синдикалната кошничка надмина 1.000 евра
-
Протест во прилепскиот затвор
-
Преглед на вестите од светот