Свет
9. December 2016 - 8:50

Околу 8.500 жители на Алепо ги напуштиле областите контролирани од бунтовниците

Околу 8.500 жители на Алепо во последното деноноќие ги напуштиле области на градот, контролирани од бунтовниците, соопшти денеска рускиот Центар за помирување на завојуваните страни во Сирија, пренесува ТАСС.

Меѓу евакуираните се и 2.934 деца.

Русија објави прекин на воздушните напади и артилериски оган врз областите од Алепо кои се контролирани од бунтовниците за да бидат евакуирани цивилите, блокирани во опколените зони.

Сирискиот центар за набљудување на човековите права забележа запирање на воздушните напади и бомбардирањето пред да соопшти за спорадични борби на различни локации во градот.