Околу 70 отсто од илегалните имигранти ја користат „балканската рута“

Околу 70 проценти од илегалните имигранти од Блискиот Исток и Централна Азија, на својот пат кон земјите од ЕУ ја користат копнената рута што минува низ земјите од западен Балкан, изјави српската министерка за европски интеграции Јадранка Јоксимовиќ.
Во изјава за српската државна телевизија РТС, Јоксимовиќ вели дека ЕУ ја препознала „балкансата рута“ како главен канал за прилив на илегални имигранти, па затоа во септември во Будимпешта ќе се одржи конференција на највисоко ниво на која треба да бидат утврдени јасни механизми за финансика поддршка на земјите од регионот.
Јоксимовиќ додаде дека досега за справување со проблемот со илегалната имиграција Србија од претпристапните фондови на ЕУ добила околу 2,5 милиони евра за потребите на Центарот за прифаќање на имигранти во Прешево и шест молиони евра за реадмисија на лицата кои се враќаат во Србија.
Според неа, ЕУ на Србија и одобрила им дополнителни „околу 2,5 до три милиони евра“ за зајакнување на контролата на нејзините граници, со цел да се спречи приливот на имигранти. сп/10:29
Ново на Сител
-

Седница на извршниот одбор на СДСМ
-

Седница на извршниот одбор на СДСМ
-

Тема на денот со Дарко Аврамовски, коалиција Сите за правично судење
-

Глувци шетаат на таванот во тоалетот на студентскиот дом “Пелагонија”
-

Преглед на вестите од светот
-

Кривична пријава за Блерим Беџети за градба во Сарај, тој вели се врши политички прогон врз него
-

СДСМ: Дали во случајот со ИПАРД е вмешан и премиерот?
-

„Почекајте ќе видите“ - вели Мицкоски
