Бизнис
23. јуни 2017 - 10:05

Околу 65 отсто од потрошената струја во април била од домашни извори

Во април годинава, во Република Македонија, се потошени 601.034 МWh електрична енергија, 8.082 милиони нм3 природен гас, 399.521 тони јаглен и 83.628 тони нафтени продукти, соопшти Државниот завод за статистика. 

Бруто-домашното производство на електрична енергија учествува со 65.2% во бруто-домашната потрошувачка на електрична енергија, додека 94.3% од вкупната потрошувачка на јаглен се употребени за производство на електрична енергија.