Македонија
25. November 2015 - 12:48

Околу 60 отсто од потрошената струја е од домашни извори

Во Македонија во септември годинава се потрошени 562.979 МWh електрична енергија, 2.081 мил. nm3 природен гас, 455.091 тони јаглен и 82.807 тони нафтени продукти, соопшти Државниот завод за статистика. 

Бруто-домашното производство на електрична енергија учествува со 59.1% во бруто-домашната потрошувачка на струја. 

Од вкупната потрошувачка на јаглен, пак,  95.4% е употребена за производство на електрична енергија.