ОЈО поднесе обвинение против 36-годишен скопјанец за трговија со марихуана и амфетамини
Обвинителен акт против 36-годишен скопјанец, осомничен дека сторило кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“ поднесе денеска јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје.
– Обвинетиот 36-годишен скопјанец се товари дека неовластено во дом во кој престојувал на улица „Охридска“ држел наркотична дрога – марихуана со вкупна нето тежина од 276,43 грама, како и психотропна супстанција – амфетамин со вкупна нето тежина од 486,06 грама. Освен ова, во домот биле пронајдени и полиетиленски пакувања со 29 таблети со жолта боја и втиснато лого „ТЕСЛА“ кои претставуваат психотропна супстанција 3,4 метилен-диоксиметамфетамин (МДМА), како и дигитални ваги и стаклен тас со остатоци од наркотични дроги и психотропни супстанции, се вели во соопштението од ОЈО.
Со поднесувањето на обвинението, од јавниот обвинител до Основниот кривичен суд – Скопје е доставен и посебен предлог за продолжување на веќе определената мерка притвор за обвинетото лице.
Ново на Сител
-
Претрес во Судскиот совет
-
Одбележани 80 години од постоењето на Земјоделски институт
-
Претрес во Судски совет
-
Тема на денот со Сефер Селими, политички аналитичар
-
Силјановска Давкова ги критикуваше ДУИ за Уставниот суд
-
Артан Груби се повлече од јавниот живот и ДУИ откако беше ставен на црната листа на САД
-
Сопругата на градоначалникот на Радовиш избрана на член на Судскиот совет, СДСМ обвинува за скандал
-
Укината пресудата за Беса Транс