Македонија
25. February 2018 - 16:20

ОЈО отвори предмет за малолетничката од домот „25 МАЈ“

Кавадарчанка доби 30 дневен притвор поради сомнение дека ја принудувала на проституција 13 годишната штитеничка од домот 25 мај. 42 годишната жена  ќе одговара за трговија со дете. МВР обезбеди докази дека осомничената во текот на декември лани и јануари оваа година го принудувала девојчето да дава сексуални услуги на поголем број лица за одреден паричен надомест. Покрај сексуалната експлоатација, кавадарчанката ја принудувала и на питачење. Обвинителсвото до сега немаше конкретен сторител иако со месеци знаеле за овој случај, денеска објавија дека следејќи ги написите отворен  е предмет по допрен глас.

 Надлежен јавен обвинител по спроведени предистражни дејствија во координација со Министерството за внатрешни работи, денеска донесе Наредба за спроведување на истрага против едно лице. На лицето му се става на товар дека сторило кривично дело Трговија со дете од чл.418-г ст.2 во врска со ст. 1 од Кривичниот законик, за кое дело е предвидена казна затвор од најмалку 10 години.

Претходно беа поднесени 11 кривични пријави за одговорни лица од скопскиот Центар за социјална работа за малолетното девојче кое со месеци било сексуално злоставувано. Пред околу една недела 13 годишната штитеничка била принудена да абортира.

 Освен кривичната одговорност, надлежните ќе бараат и дисциплинска постапка за вработени.Од страна на инспекторите се поднесени 12 иницијативи за покренување дисциплинска постапка против стручни лица, согласно законот за работни односи. Поведени се и 13 постапки за сторени прекршоци од страна на стручните лица во постапувањето во овој случај. Овој случај го обелодени Европскиот центар за права на Ромите.