Спорт плус
8. August 2016 - 11:04

ОИ Рио: Анастасија Богдановски денеска во водите на олимпискиот базен

 
 
  Знаменоска Анастасија Богдановски ќе биде втората македонска претставничка која ќе настапи на игрите во Рио. Нашата најдобра пливачка попладнево ќе плива во квалификациите на дисциплината 200 местри слободно. 
 
Богдановска која е пријавена со резултат 2:01.28 минути, ќе се натпреварува во втората квалификациска група, во која од осумте пријавени пливачки три имаат подобро лично време и тоа под 2 минути. 
 
Трката чиј старт е предвиден од 18 часот и 2 минути по македонско време, ќе биде единствената за Анастасија на Олимпијадата во Рио. 
 
Претходно, од шестмината македонски спортисти настапи Нина Балабан во стрелаштво која дисциплината воздушна пушка од 10 метри го освои 42.место во конкуренција на 51-натпреварувачка.