Спорт плус
31. July 2021 - 11:36

ОИ: Американската гимнастичарка Бејлс се повлече од уште две финални дисциплини

По консултации со својот лекарски тим, најдобрата гимнастичарка во светот, Американката Симон Бејлс, се откажа од настап во финалните натпревари во прескок и коњ со рачки, кои утре се на програмата на Игрите во Токио.

Засега останува потврдата за нејзин настап во натпреварите во поединечна конкуренција на греда и партер.

Американската гимнастичарка неделава ја шокираше спорската јавност, откако се откажа од настап во екипна конкуренција по лошо изведената прва вежба, а потоа се повлече и од настапот во повеќебој, во кое требаше да ја брани олимписката титула.

– Лекарскиот им ќе продолжи секојдневно да ја оценува нејзината состојба за да донесе одлука дали ќе настапи во финалето на партер и финалето на греда, соопшти американскиот тим.