Македонија
9. September 2020 - 16:01

Охриѓанец пронајден мртов во неговиот дом

На 08.09.2020 во 20,19 часот во СВР Охрид било пријавено дека во Охрид на ул.„Момчило Јордановски“ во неговиот дом бил пронајден починат Т.Ѓ.(82) од Охрид.

Од лекар на Итната медицинска помош констатирана била смрт без траги на насилство.

Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од СВР Охрид, а по наредба на Јавен обвинител телото на починатиот е дадено за обдукција.