Македонија
17. December 2016 - 20:35

Охридско струшката ривиера ќе биде полна со гости за новогодишните празници

Охридско струшката ривиера ќе биде полна со гости за Новогодишните празници.

Хотелски капацитети се речиси целосно исполнети а голем е интересот и во приватното сместување.

Најбројни се традиционалните гости од соседните земји од Бугарија,Србија,Црна Гора ,Грција и Албанија но не изостануваат ни оние од подалечните земји. И оваа година најбарани се тродневните аранжмани.

Со богати свечени новогодишни менија и доолнителни  содржини Охрид ги привлекува гостите за највеселата ноќ во годината.

Инаку главниот туристички центар украсен во празничен амбиент ги очекува гостите и на градскиот плоштад со целодневна и ноќна забава за сите генерации.