Македонија
13. July 2019 - 16:09

Охридско лето отворено со порака за дивоградбите како „диво месо“

Да негуваме длабока почит и одговорност за природата што ни е доверена на чување,oва особено се однесува на незаменливото природно и културно наследство во  регионот на Охридското Езеро мора да напарвиме се што ево наша моќ да го зачуваме статусот на Охрид како град на УНЕСКО порача престедателот на државата Стево Пендаровски на отварањето на 59. издание на фестивалот „Охридско лето“ .

Уметничката порака на годинашното фестивалско издание ја прочита режисерот Александар Поповски, кој му ја посвети на македонскиот драмски писател Горан Стефановски. И посочи дека освен дивоградбите забораваме дека постои цел еден друг свет.

Со спектаклерен концерт на светски познатата виолинистка, Ванеса Меј се отвори завесата на 59тото издание на фестивалот Охридско лето .Охрид до крајот на август ќе биде културен центар на Балканот, на којшто ќе настапат врвни домашни и странски познати имиња од светот на културата и уметноста.