Бизнис
14. September 2020 - 20:02

Охридските се спасија, скопските хотелите пред банкрот

Хотелите во туристичките места преживеаа, скопските се пред банкрот. Заради затворените граници и ваучерите за туризам, капацитетите во Охрид, Дојран, Маврово се спасија од корона кризата, но огромни објекти, познати меѓународни брендови во главниот град не работеа половина година.

Туристичките работници бараат во следниот пакет помош кој го подготвува Владата да се води сметка за овој сектор, но помошта да се распредели соодветно на загубите.

Според државната статиистика, заклучно со јули падот во туризмот изнесува 67% споредено со лани. Бројот на странски гости е намален за близу 80%.