„Охридски комуналец“ по препорака на Антикорупциска ги поништи трите договори со фирмата на советникот Усеини

Управниот и надзорниот одбор на ЈП „Охридски комуналец“ на вчера одржаниот состанок донесоа одлука да го прифатат мислењето на Државната комисија за спречување корупција и да ги раскинат договорите склучени со фирмата „Нефи-ИК“, сопственост на општинскиот советник Нефи Усеини.
Како што појасни директорот на „Охридски комуналец“, Љупчо Грдановски, на состанокот било одлучено да се постапи согласно мислењето на Антикорупциска и да се раскинат договорите, поради постоење судир на интереси.
Притоа се раскинуваат три договори и тоа за набавка на градежни материјали, за користење возило специјализирано за сечење дрвја, како и за користење механизација за тековно одржување на депонијата „Буково“.
Поради зголемениот обем на работа во депонијата „Буково“ во летниот период, Грданоски истакна дека до изборот на нов правен субјект што ќе ја одржува депонијата Јавното претпријатие привремено ќе работи со свои ресурси и позајмена механизација.
Претходно Општина Охрид најави дека ќе постапи согласно насоките на Државната комисија за спречување на корупција изнесени во мислењето од 16 јули, кога беше укажано на постоење судир на интереси на носители на јавни функции при учество на тендери распишани од Локалната самоуправа.
Фирмата „Нефи-ИК“ беше една од оние што дадоа свои понуди на тендерот што го распиша Општина Охрид за избор на компанија што ќе биде ангажирана за уривање на дивоградбите во градот и долж крајбрежјето на Охридското Езеро. На листата на такви објекти најверојатно ќе се најдат и некои за кои како сопственик, односно закупец се јавува токму советникот Усени.
Ново на Сител
-

Продолжи судењето за пожарот во дискотеката „Пулс“
-

Safe City би можел да биде пролонгиран за еден месец – за еден ден регистрирани 110.000 прекршоци
-

Гаши очекува власта и опозицијата да се договорат за една анкетна комисија за Кочани
-

Средба Муцунски - Калас во Брисел
-

СДСМ поднесе пријава до ДКСК за тендерите од 9 милиони евра
-

Уставните судии имаат три опции за линеарното зголемување на пензиите, вели Мицкоски
-

УЈП прави напори парите од МојДДВ да се исплатат до крајот на неделава
-

Родителите трошат годишно во просек од 160 000-200 000 денари за да одгледаат дете
