Македонија
31. July 2021 - 16:38

Охрид полн со туристи за продолжениот празничен викенд

Охрид го живее шпицот на сезоната. Градот е преполн со гости за продолжениот илинденски викенд, најбројни се домашните и од нашето опкружување но не изостануваат ни оние од подалечните земји и тоа претежно од Холандија, Белгија, Полска, Романија, Украина.

Хотелските капацитети и приватното сместување се целосно исполнети во централното подрачје и покрај кејот на езерото а место повеќе се бара и во периферните делови од градот.

Угостителите велат дека градот нуди понуда за сечиј вкус а дополнително концертите и фестивалите ја збогатуваат атрактивноста .

За време на продолжениот викенд во главниот туристички центар има засилени полициски контроли во сообраќајот ,централното градско јадро, и кон плажите но  и инспекциски контроли во угостителските објекти.