Охрид полн со гости
Градот под Самоиловата тврдина преполн со гости.Хотелските капацитети се исполнети а во апартманите и приватното сместување се бара место повеќе.Традиционално Охрид шпицот на сезоната го достигнува токму за празникот Илинден.Многубројните културни и забавни настани дополнително допринесоа бројот на туристите да се зголемува.
Културните содржини за сечиј вкус, бројните концерти на домашни и странски уметници меѓу кои на познатиот диџеј Ники Ромеро легендарниот гитарист Ал Ди Меола како и на рок групата „Продиџи“, а секако и во рамките на oф програмата на фестивалот Охридско лето настапот на рок групата Ван гог го прават Охрид привлечен за сите генерации.
Плажите долж езерото се исполнети а иста е сликата и по чаршијата и стариот дел на градот.
Инаку најбројни на охридската ривиера се гостите од Холандија,Израел,Белгија Турција и соседните земји а голем е бројот и на домашните туристи.
-
Нина Аритоновска
Сите содржини од овој новинар